АЛЕРГОЛОГИЈА И ТОКСИКОЛОГИЈА

Одделот за токсикологија при Универзитетската Клиника за детски болести дијагностицира, лекува и контролира деца и адолесценти на возраст од 0-14 година со медикаментозни, корозивни и растителни интоксикации. Тој е просторно сместен на одделот за пулмологија и алергологија

На одделот се дијагностицираат и лекуваат деца со следниве дијагнози, кај кои според индикација се реализира гастрична лаважа:

            1. Медикаментозни интоксикации

            2. Интоксикации со пестициди и инсектициди

            3. Интоксикации со корозивни сретства

            4. Интоксикации со петролни деривати

            5. Интоксикации со печурки и други токсични растенија

 

Б. Во склоп на одделот, пет дена во неделата работи и консултативна токсиколошка амбуланта во склоп на пулмолошката амбуланта.

ТИМ НА ЛЕКАРИ

На Одделот работат истите шест лекари специјалисти педијатри кои работат на одделот за пулмологија и алергологија, со долгогодишно работно искуство во токсиколошката педијатриска  патологија. Тимот од сестри е обучен за гастрична лаважа и спроведување на специфичната терапија како и за едукација на пациентите и нивните семејства во врска со болестите кои се дијагностицирани.