ВИЗИЈА

Визијата на Унуверзитетската клиника за детски болести е следната:

Секое дете во Македонија и регионот да има соодветен пристап до врвна здравствена грижа која е ориентирана кон пациентот и неговото семејство.

Оваа визија вклучува три важни елементи. Прво, “досегот” на клиниката се проширува на цела Македонија и околниот регион (пр. Косово и јужна Србија). Второ, како терцијална инситуција, пристапот до грижа мора да биде соодветен, со соодветни упати, процедури и триажи (за итни случаи).Трето, ја согледуваме потребата македонското здравство да направи чекор напред кон моделот ориентиран кон пациентот и семејството, а чекор назад од пристапот ориентиран кон болеста или докторот. Ние смепосветени кон достигнувањето на таква грижа во педијатријата.