March 13, 2017

ДОНАЦИЈА ОД ДАНИЕЛ КАЈМАКОВСКИ ЗА ОДДЕЛОТ ЗА ИНТЕНЗИВНА НЕГА И ТЕРАПИЈА

Нашиот евровизиски претставник Даниел Кајмакоски склучи договор со Детската Клиника во Скопје за донирање на респираторен апарат (Babylog 800) наменет за новороденчиња, и најпотребен на предвремено родени бебиња кои не можат да дишат сами. Апаратот  се користи на одделот за Интензивна нега и терапија каде годишно се хоспитализираат 350 – 400 пациенти, од кои 85 проценти се новородeнчиња.

,,Секојдневно добивам пораки на мојата официјална фан страна, на маил, со апел за помош за нечиј живот, и молба да се сподели линк, или веста. Шокантно е колку многу луѓе имаат потреба за помош, колку се борат за својот живот, особено деца. Тоа те прави да се запрашаш што е приоритено во животот, и како можеш твојата положба да ја искористиш. Ова е главната причина зошто одлучив средствата определени за печатени промотивни материјали да ги намениме за деца и родители кои имаат потреба од помош. Средствата се донирани на Одделот за Интензивна Нега на Детската Клиника во Скопје,, – изјави Даниел Кајмакоски.