ИНТЕНЗИВНА НЕГА И ТЕРАПИЈА

На одделот за педијатриска интензивна нега и терапија се примаат деца од новороденечка возраст до адолесценција. Годишно на одделот се хоспитализираат 350-400 пациенти, од кои 85 отсто се новородени. Во структурата на морбидитетот на пациентите лекувани на одделот најзастапени се респираторните пореметувања, својствени за раниот неонатален период (болест на хијалини мембрани, синдром на меконијална аспирација, перзистентна белодробна хипертонија, конатална пневмонија), тешки инфекции, асфиксија, хипоксемично-исхемична енецефалопатија, хеморагиска болест на новородено, хипербилирубинемија, конгенитални аномалии во прв ред на срцето и големите крвни садови, но и на другите органи и органски системи.

На одделот се третира и респираторна слабост кај доенчиња и поголеми деца, а најзастапени во педијатриската возраст се пореметувања на централниот нервен систем, во прв ред дизритмиите, а потоа и инфекциите на ЦНС како и дегенеративните заболувања. Одделот исто така ги згрижува и потешките труења кои се придружени со пореметувања на свеста и нарушување на кардио-циркулаторната и респираторната функција како и потешките ендокринолошки нарушувања.

Единицата за интензивна нега и терапија е единствена централна републичка единица за интензивна терапија која ги згрижува педијатриските пациенти како од клиниката, така и од сите други медицински центри во државава. Исто така згрижува и новородени од сите родилишта низ РМ, како и покомлицираните случаи од неонатолошката интензивната единица при гинеколошко-акушерсдка клиника во Скопје.
Услуги кои ги нуди одделот

  • Одделот располага со можности за bed-side рентгенолошка дијагностика, ултрасонографија и електроенцефалографија
  • Се изработуваат анализи од капиларна крв со микрометода (гасни анализи, електролитен статус, гликемија и хематорит).
  • Се применуваат и најсложените постапки на интензивната нега и терапија. Тоа пред се подразбира примена конвенционална механичка вентилација, неинвазивен хемодинамски мониторинг, континуирана циркулаторна инотропна потпотра, перитонеална дијализа, фототерапија и ексангвинотрансфузија, торакална дренажа, и парентерална исхрана.
  • Во склоп на Одделот за интензивна терапија работи отсек за следење на високоризичните новородени со дефектолог и консултант невролог. Овој тим работи со високо ризични деца, деца со развојни проблеми и деца со посебни потреби.

Раната интервенција како важен сегмент од работата со ризичните деца започнува на Единицата за интензивна нега и терапија, каде дефектологот со цел превенција на можните пречки во психомоторниот развој, спроведува сензомоторна стимулација и советодавна работа со родителите.

За таа цел дефектологот прави проценка на развојните способности и заеднички план за превенција преку обука на родителите. Кај децата со посебни потреби се спроведува дефектолошка дијагностика и тимски план за ран третман и терапија.

Тим на Клиниката

Раководител на оддел- Доц. Д-р сци мед. Аспазија Софијанова

  • Раководител на на одделение за критично болно дете. Прим д-р.Љиљана Којиќ CV
  • Раководител на отсек за ризично новородено: мр.сци д-р.Силвана Наунова Тимовска CV

Лекари специјалисти CV

  • д-р.Радица Муратовска CV
  • д-р.Тамара Воиновска CV
  • д-р Христина Манџуковска
  • д-р.Мица Кимовска CV
  • д-р Спасија Нешкова CV

Телефон:+ 389 02 3147 720

e-mail: intenzivnanegaiterapija@ukdetskibolesti.mk