НЕОНАТОЛОГИЈА

Одделот за неонатологија при Клиниката за детски болести дијагностицира, лекува и амбулантски следи новородени и доенчиња до возраст од една година.

Одделот се состои од:

А. Хоспитален дел-  хсопиталниот дел на Одделот за Неонатологија располага со капацитет од вкупно 16 места за лекување на тешко болни новороденчиња од целата држава. На Одделот се лекуваат  новороденчиња со следниве дијагнози:

  • Неонатални инфекции
  • Неонатални жолтици
  • Перинатална асфиксија
  • Респираторен дистрес
  • Прематуритет
  • Интраутерин застој во растот со метаболен сидром
  • Конгенитални малформации од сите органи и системи
  • Новородени со вродени болести на метаболизмот
  • Генетски и синдромски пореметувања

 

Б. Во склоп на одделот,четири дена во неделата работи и консултативна неонатолошка амбуланта каде годишно се вршат околу 2000 прегледи.

Распоред на лекари во неонатаолошка амбулантa

Понеделник: Ас Мр Др Анет Папазовска Черепналковски

Вторник: Ас Др Николина Здравеска

Петок: Ас Мр Др Наташа Најдановска Алулоска

Услуги кои ги нуди одделот

На одделот за Неонатологија се изведуваат следните специфични дијагностички и терапевтски процедури:

1. Дијагностичка евалуација на неонатални инфекции (клиничка и лабораториска проценка, лумбална пункција, микробиолошка евалуација)

2. Фототерапија и ексангвинотрансфузија во третман на неонатални жолтици

3. Неуроимиџинг и амплитудно интегрирано ЕЕГ мониторирање кај новородени со перинатална асфиксија, аномалии на ЦНС, инфекции на ЦНС, крварења во ЦНС

4. Менаџмент на хидроелектролитен баланс, нутритивен менаџмент кај доносени, прематурни новородени и новородени со мала телесна тежина

5. Супституција со крвни деривати кај доносени и прематурни новородени

6. Постоперативен третман на новородени со хируршки болести

 

–  Во супспецијалистичката амбуланта сите лекари од одделот прегледуваат новороденчиња и доенчиња до возраст од една година. Дел од овие пациенти се следат амбулантски по завршен хоспитален третман, останатите се следат во склоп на неонатолошката консултативна амбуланта, како редовни прегледи со проценка на општата здравствена состојба и проценка на растот и развојот.

 

Тим на лекари

 

На Одделот работат четири лекари специјалисти- педијатри, обучени за дијагностика и третман на доносени, прематурни новородени и новородени со мала телесна тежина, за обука на родители и решавање на биоетичките проблеми во неонатологијата. Тимот на лекари од оддделот е вклучен во наставно-научната дејност на Медицинскиот факултет во Скопје.  Тимот од сестри е обучен за нега и третман на доносени и прематурни новородени, како и за едукација на семејствата за исхрана и нега на овие новородени.

 

Профил на лекарскиот кадар:

Ас Мр Др Анет Папазовска Черепналковски – специјалист педијатар, Магистар на медицински науки, шеф на Отсекот за  , CV

Ас Мр Др Наташа Најдановска Алулоска, специјалист педијатар, Магистар на медицински науки, CV

Ас Др Николина Здравеска -специјалист педијатар, CV

Др Маја Ивановска

 

Одделенски сестри:

с. Гордана Илијовска

вмс Даниела Полизовски

 

Сестри на Одделот:

С. Латинка Дијанасиева

С. Гордана Шурлановиќ (отсечна сестра)

С. Алтана Ѓурчиновска

С. Даниела Јовановска (отсечна сестра)

С. Валентина Костоска

С. Анета Величковска

С. Даниела Капсарева

С. Јована Јовановска (волонтер)