ПУЛМОЛОГИЈА

Одделот за пулмологија со алергологија при Универзитетската Клиника за детски болести дијагностицира, лекува и контролира деца и адолесценти на возраст од 0-18 година со пулмолошки и алерголошки болести. За прва дијагноза децата и адолесцентите се примаат на возраст до 14 години, а ако се работи за хронична претходно дијагностицирана болест се следат до 18 година, а потоа се префрлуваат на лекување на Интерните клиники.

Одделот се состои од:

 А. Хоспитален, пулмолошки дел  каде се дијагностицираат и лекуваат над 1000 деца годишно со следниве дијагнози:

  1. Акутни и хронични горнореспираторни инфекции и болести
  2. Акутни долнореспираторни инфекции

а. без компликација (пневмонија, бронхиолитис)

б. со компликација (сепса, ателектаза, плеврален излив, пневмоторакс)

  1. Конгенитални малформации на трахеобронхијалното стебло и белите дробови
  2. Ехинококоза на белите дробови
  3. Хронична пневмопатија

а. Бронхиектазии

б. Хронична интерстициелна белодробна болест

в. Цистична фиброза (само дијагностика)

  1. Алергиски болести 

а. Астма

б. Алергиски ринитис

в. Атописки дерматитис

г. Акутна уртикарија

  1. Рецидивен опструктивен бронхитис (етиолошка дијагноза на различни ентитети)
  2. Респираторни манифестации на гастроезофагеален рефлукс (ГЕРД)
  3. Белодробна туберкулоза (само дијагностика)
  4. Пролонгирана кашлица (етиолошка дијагноза на различни ентитети)
  5. Болести на плеврата (плевритис, пневмоторакс)
  6. Вентилациски порометувања (емфизем, ателектаза)
  7. Ургентни состојби во педијатриска пулмологија

а. Инхалирано туѓо тело

б. Круп синдром и епиглотитис

в. Хемоптоја

Б. Консултативна амбуланта која работи во склоп на одделот, пет дена во неделата каде годишно се вршат над 4000 прегледи. Функционира и демонстрациона единица за едукација за техниката за администрирање на инхалациски бронходилататори и превентивни антиинфламациски медикаменти кај астма со различни помагала, во зависност од возраста, како и едукација за санација на околината во зависност од различни тригери кај астма. Дополнително, во склоп на одделот финкционира и кабинет за физикална терапија кај респираторните болести.

 

УСЛУГИ КОИ ГИ НУДИ ОДДЕЛОТ

На одделот за пулмологија се дијагностицираат и згрижуваат деца со следниве најчести дијагнози:

  1. Круп синдром
  2. Акутни долнореспираторни инфекции (пневмонија, бронхиолитис)
  3. Рецидивен опструктивен бронхитис за третман и етиолошка дијагноза
  4. Астма за дијагноза и третман на астматичните напади
  5. Инхалирано туѓо тело во дишните патишта
  6. Пролонгирана кашлица за етиолошка дијагностика и третман
  7. Белодробна туберкулоза за дијагностика
  8. Ехинококоза на бели дробови за дијагностика

 

Одделот располага со лабораториска дејност и тоа:

а) Кабинет за белодробни функционални испитувања кој ги покрива потребите и на другите оддели на Клиниката:

  • спирометрија кај акутни и хронични белодробни инфекции и болести за докажување на рестриктивен тип на пореметување во вентилацијата
  • спирометрија кај акутен опструктивен синдром и егзацербација на астма за докажување на опструктивен или рестриктивно-опструктивен тип на пореметување во вентилацијата
  • бронходилатациски тест за докажување на реверзибилноста на намалениот проток на воздух во дишните патишта во дијагноза на астма
  • тест со физичко оптеретување (слободно трчање) за докажување на бронхијалната хиперреактивност во дијагноза на астма

б) Алерголошки кабинет кој ги покрива потребите и на другите оддели на Клиниката:

  • за реализација на skin prick test (SPT) на инхалациски и нутритивни алергени во дијагноза на атописки статус кај алергиски ринитис, астма и атописки дерматитис
  • за спроведување на специфична имунотерапија

в) Кабинет за физикална терапија

г) Кабинет за ултразвучна дијагностика на бели дробови и плевра со плеврална пункција

д) Кабинет за бронхоскопија

 

ТИМ НА ЛЕКАРИ

На Одделот работат шест лекари специјалисти педијатри со долгогодишно работно искуство во респираторната педијатриска патологија и еден лекар специјалист физијатар. Тимот од сестри е обучен за софистицирани респираторни испитувања, спроведување на специфичната терапија како и за едукација на пациентите и нивните семејства во врска со болестите кои се дијагностицирани.

Профил на лекарскиот кадар:

Проф. д-р Емилија Влашки– специјалист педијатар и доктор на наука со специјален тренинг за алерголошко тестирање и белодробна функционална дијагностика. Раководител на оддел за пулмологија Б. Работи во пулмолошката консултативна амбуланта еден ден во неделата (понеделник) во цело работно време и во текот на неделата по потреба. CV

Прим. д-р Ангел Саздовски – специјалист педијатар со специјален тренинг за трахеобронхоскопија. Раководител на оддел за пулмологија А. Работи во пулмолошката консултативна амбуланта еден ден во неделата (среда) во цело работно време и во текот на неделата по потреба. CV

Прим. д-р Лидија Сечкова – специјалист педијатар со специјален тренинг за белодробна функционална дијагностика. Работи во пулмолошката консултативна амбуланта еден ден во неделата (четврток) во цело работно време и во текот на неделата по потреба. CV

Асс. д-р. Илија Кировски-специјалист педијатар, магистер по медицински науки и докторант на докторски студии. Работи во пулмолошката консултативна амбуланта еден ден во неделата (вторник) во цело работно време и во текот на неделата по потреба. CV

Асс. д-р. Весна Мицевска-специјалист педијатар и докторант на докторски студии со специјален тренинг за белодробна ултрасонографија. Работи во пулмолошката консултативна амбуланта еден ден во неделата (петок) со делумно работно време и во текот на неделата по потреба. CV

Асс. д-р. Валентина Цвејовска-Чолаковска-специјалист педијатар, магистер по медицински науки со специјален тренинг за специфична имунотерапија. Работи во пулмолошката консултативна амбуланта еден ден во неделата (петок) со делумно работно време и во текот на неделата по потреба. CV

Др. Софија Мишкова-специјалист физијатар CV