УРГЕНТЕН ЦЕНТАР

Ургентниот центар на Клиниката за Детски болести е отворени во декември 2013 година. Идеата да се отвори прв центар од ваков тип во Р. Македонија беше на директорката Др Аспазија Софијанова, а иницијативата искрено и отворено ја поддржа Првата дама на Р. Македонија Г- ѓа Маја Иванова.

Кон Иницијативниот одбор за изградба на Ургентниот центар се приклучија амбасадорката на Кралството Холандија Г-ѓа Мариет Схурман, сопругата на американскиот амбасадот Пол Волерес Мери Џо Волерес и претседателот на невладината организација Линк Акрос Клеј Бутимер.

Кон собраните средства од граѓаните и компаниите се приклучи и Турската Инвестициска компанија ТИКА која со свои средства комплетно го реконструираше постоечкиот дел во приземјето на Клиниката за Детски болести и го направи новиот Ургентен центар со две амбуланти и стационар со 4 кревети за ургентни пациенти.

Кон донациите со опрема се приклучија и Чешката амбасада, како и Ротари клубот од Скопје.

За една година во Ургентниот центар се прегледани 25.509 пациенти, а 2.115 се хоспитализирани во Ургентниот стационар. Услуги кои ги нуди одделот

Во Ургентниот центар се примаат и лекуваат пациенти со ургентни состојби

-Интавенска апликација на лекови

– Оксигена терапија

– Аспирација

– Инхалации

– Мониторирање на витални параметри

– Следење ана ЕКГ

– Пулсоксиметрија

– Респираторна подршка со амбу

– Дефибрилатор

Во Ургентниот центар се третираат пациенти со лесна, средна и тешка дехидрација, конвулзии( грчеви) фебрилни и афебрилни, интоксикации(труења)со различна етиологија, ларингити, бронхити, пнеумонии- полесни клиничка слика, хипертирексии, гастроентероколити, трауми, прифаќање и стабилизација со нарушена и пореметена свест, стабилизирање на пациенти со градна болка и тахикардии. Тим на лекари

Шеф на оддел Мица Кимовска Хрстова

Лекар на оддел Маја Ивановска

Тим од 10 обучени медицински сестри.