На “Одделот за неврологија, епилепсија и развојно следење”на ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести се врши невролошка и развојна проценка, се дијагностицира, се лекува и контролира широк спектар невролошка патологија во детска возраст.

Одделот се состои од:

А. Хоспитален дел каде се лекуваат дечиња со следните дијагнози:

  1. Конвулзии во детство
  2. Епилепсија
  3. Вродени аномалии на централниот нервен систем
  4. Главоболки
  5. Неврокутани синдроми
  6. Нарушувања во координација и движење од невролошка етиологија
  7. Церебрална парализа
  8. Енцефалопатии
  9. Невродегенеративни заболувања во детска возраст
  10. Демиелинизирачки  нарушувања на ЦНС
  11. Акутни мозочни инсулти во детска возраст
  12. Бенигна интракранијална хипертензија
  13. Инфекции на централен нервен систем
  14. Мозочни апсцеси
  15. Заболувања на ‘рбетен мозок

Б. Консултативна невролошка амбуланта, со кабинет за електроенцефалографија, ултрасонографија на мозок, каде се следат дечиња со гореспоменатата патологија, како и развојно следење и развојна проценка на деца родени  со фактор на ризик, деца со одстапувања и деца со пречки во психомоторниот развој.

Тим на лекари:

  1. Д-р Љеља Муаремоска Канзоска, специјалист педијатар, супспецијалист невролог, раководител на Одделот
  2. Д-р Данило Нонкуловски, специјалист педијатар, научен соработник
  3. Д-р Љеарта Адеми Алили, специјалист педијатар

Д-р Валентина Дуковска, дипломиран дефектолог