ИСТОРИЈАТ

Почетоците на Детската клиника се од Детското одделение при Земска болница во Скопје, основана во мај 1946 година. Истата година  е формирано и Здружението на педијатри на Македонија како Педијатриска секција на Македонија, а од 1991 година истото е преименувано во Здружение на педијатри. Мисионерската улога на будно бдеење над пациентите и нивното здравје го почнале неколкумина педијатри во 1946 година кои биле школувани надвор од земјата. Истите тие го формирале и Медицинскиот факултет и набргу по тоа ги отвориле и формирале првите детски одделенија и првите детски диспанзери.

 

ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести, како самостоен објект  е изграден 1985 година и  поседува околу 7.881м2 . Последна адаптација е направена во 2007, а реконструкција во 2001 година. Објектот е цврста градба од траен карактер. Клиниката е на 7 спрата со вкупна површина од 7.881м . Клиниката е сместена во кампусот на поранешниот Клинички центар со другите клиники и институти. ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести Скопје представува единствена работна целина составена од развиени супспецијалистички служби. Капацитетот е 180 болнички кревети за деца и 50 кревети за мајки.

 

Клиниката располага со поликлиника и супспецијалистички амбуланти (10), опремен оддел за интензивна терапија, транспортен сервис-за транспортирање на витално загрозени деца во државата и во Центри надвор од земјава, биохемиска и хематолошка лабораторија, генетска лабораторија, лабораторија за ТСХ скрининг, молекуларна лабораторија и аптека депо. ЈЗУУКлиниката за детски болести како единствена терциерна јавна здравствена установа во РМ да ги дијагностицира и лекува најкомплицираните болести кај децата преку своите супспецијалистички амбуланти, оддели и лаборатории на cost-effective начин и да врши истражување, евалуација и едукација во полето на детското здравје.Примена на современите протоколи и доктрини за водење и третман на болните, со цел унапредување на квалитетот на живот и подобрување на преживување на децата.