Име и презиме
Проф. Д-р Емилија Влашки
E-mail:emilija.vlashki@gmail.com
Образование
emilija.vlashki@gmail.com
Работно искуство
Вработена на Универзитетска Клиника за детски болести, Медицински факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје од 1982 год., од 1988 год. на одделението за пулмологија и алергологија • Специјалист-педијатар и шеф на Oдделението за пулмологија и алергологија на Универзитетска Клиника за детски болести, Медицински факултет, Скопје • Редовен професор на Медицински факултет, Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје од 2017 година • Примариус од 2001 година
Дополнителни едукации
• Институт за мајка и дете во Белград, Србија во 1984 год. • Emma Children’s Hospital, AMC во Амстердам, Холандија во 1997 год. • Универзитет La Sapienza во Рим, Италија во 1999 год. • Учество во семинари во Белград во 1984 и 2003 год. и во Рим во 1999 год.; последипломски курсеви од областа на пулмологија, астмологија и алергологија во Виена 2003 год., Глазгов 2004 год., во Анталија 2005 год., во Копенхаген 2005 год., во Стокхолм 2007 год., во Виена 2012 год.
Стручни вештини
• Предавач, испитувач и едукатор на студенти од прв и втор циклус на студии на Медицинскиот факултет во Скопје • Завршена обука за ментор во рамките на акредитираната програма за обука на клучни тренери, Медицински факултет, Скопје • Ментор на магистерски и докторски студии, како и на дипломски трудови на сестри/техничари и физиотерапевти од ВМШ на Медицинскиот факултет во Скопје • Акредитиран испитувач од Лекарската комора на Р.С. Македонија за стручен испит на здравствени работници со високо образование • Поранешен или актуелен член на Наставно-научен совет, Наставен одбор, Комисија за етички прашања, Комисија за судско-медицинско вештачење, Комисија за упатување на лекување во странство, Комисија за дополнување на листата на лекови на товар на Фондот при Медицинскиот факултет во Скопје • Национален координатор и главен истражувач за Македонија во меѓународниот проект Македонско учество во Интернационалната студија за астма и алергии во детството (ISAAC) во тек на 2001/2004 год. • Главен истражувач на националниот проект „Преваленција на астма, алергиски ринитис, егзема и фактори на ризик асоцирани со овие болести во детската возраст во Р. Македонија“ во тек на 2006/2009 год. • Главен истражувач и национален координатор за Македонија на меѓународен проект „Географска варијација во однос на дијагнозата, преваленцијата и тежината на астма“ во тек на 2015/2018 год. • Соработник-истражувач во проектот „Анализа на наодите од компјутеризираната 24h pH-метрија на дисталниот езофагус во проценка на гастроезофагеалниот рефлукс кај деца со респираторна болест и евалуација на лекувањето“ во тек на 2000/2003 год. • Главен истражувач на 2 клинички студии во 2011 и 2014 год
Публикации
• Автор или коавтор на 280 трудови презентирани на конгреси во Македонија или надвор од неа или публицирани во македонски и меѓународни научно-стручни списанија со или без импакт фактор • Автор на монографија Рецидивен wheezing-дали е тоа секогаш астма? Менора, Скопје во 2001 год. • Еден од соработниците на учебник Алергологија од Докиќ и сор., Матица македонска, Скопје во 2017 год. • Еден од авторите на учебник Одбрани поглавја од педијатрија за студенти по дентална медицина во 2020 год.