ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА

Одделот за гастроентерохепатологија при при Универзитетската Клиника за детски болести дијагностицира, лекува и контролира деца и адолесценти на возраст од 0-16 години со гастроентеролошки и хепатални болести. Обезбедува сеопфатни болнички, амбулантски и лабораториски услуги со кои се лекуваат доенчиња, деца и адолесценти со пореметувања на гастроинтестиналниот систем, заболувања на хепарот и на егзогената функција на панкреасот.

Одделот се состои од:

А. Хоспитален, дел  каде се дијагностицираат и лекуваат следниве дијагнози:

  1. Сите хронични гастроинтестинални, хепатални, метаболни болести
  2. Болести на холестаза (Алажил и останати холестази)
  3. Состојби после трансплантација на црн дроб
  4. Тирозинемија
  5. Улцерозен колит
  6. Кронова болест
  7. Целијакија (глутен сензитивна ентеропатија)
  8. Инфламаторни болести на црева
  9. Алергија на протеини на кравјо млеко
  10. Ентеропатии
  11. Малапсорпции

Б. Консултативна амбуланта која работи во склоп на одделот, каде пациентите имаат однапред закажано преглед преку системот на мој термин

УСЛУГИ КОИ ГИ НУДИ ОДДЕЛОТ  ГАСТРОЕНТЕРОХЕПАТОЛОГИЈА

  1. Специјалистички и субспецијалистички прегледи
  2. ЕХО на абдомен
  3. Ректоскопија
  4. 24 часовна компјутеризирана pH  метрија за дијгноза на Гастроезофагеален рефлукс (ГЕР)
  5. Комбинирана 24 часовна pH метрија со импенданса
  6. Ректална сукциона биопсија за дијагноза на  Megacolon congenita
  7. Високо резолуциона езофагелана манометрија
  8. Високо резолуциона ано-ректална манометрија
  9. Електрогастрографија (ЕГГ)
  10. Видео колоноскопија
  11. Тенкоцревна биопсија
  12. Видео ендоскопија на горен гастроинтестинален тракт
  13. Капсулна ендоскопија на тенкото црево
  14. Хепатална биопсија
  15. Совети за диететски режим
  16. ТТГ (трансглутаминаза антитела) тест
  17. Абдоминална парацентеза
  18. Клизми
  19. Ректално туше

ТИМ НА ЛЕКАРИ

На Одделот работат четири специјалисти педијатри, со долгогодишно работно искуство во гастроентерохпатолошката педијатриска област, од кои три гастроентерохепатолошки субспецијалисти. Тимот од сестри е обучен за софистицирани испитувања, спроведување на специфичната терапија како и за едукација на пациентите и нивните семејства во врска со болестите кои се дијагностицирани.

Профил на лекарскиот кадар:

Проф. д Ацо Костовски– специјалист педијатар, субспецијалист гастроентерохепатолог и доктор на наука. Раководител на оддел за гастроентерохепатологија. Работи во гастроентеролошката консултативна амбуланта еден ден во неделата (среда) во цело работно време и во текот на неделата по потреба. CV

Проф. д Стефка Грујовска– специјалист педијатар, субспецијалист гастроентерохепатолог и доктор на наука. CV

Доц.др Сци. Соња Бојаџиева– специјалист педијатар, субспецијалист гастроентерохепатолог и доктор на  наука. Раководител на оддел  за гастроентерохепатологија. Работи во гастроентеролошката консултативна амбуланта еден ден во неделата (четврток) во цело работно време и во текот на неделата по потреба. CV

Асс.др Наташа Чучкова Никчевска, специјалист педијатар и докторант на докторски студии по клиничка педијатрија. Работи во гастроентерохепатолошката амбуланта еден ден во неделата (петок) со цело работно време и во текот на неделата по потреба. CV

Телефон: +389 02 3147 722

e -mail: gastroenterohepatologija@ukdetskibolesti.mk