Oдделот за пулмологија и алергологија претставува целина од посебни единици (оддел за пулмологија со алергологија, оддел за белодробни инфекции и хронични пневмопатии и оддел за вентилациски пореметувања и болести на плевра) кои подразбираат засебен простор, опрема и медицински кадар за извршување на високо специјализирана здравствена заштита (специјалистичко–супспецијалистичка, консултативна, болничка и наставно-научна дејност). На одделот се врши прием на пациенти од ургентна амбуланта, дневна болница (со воспалителни заболувања на горни и долни дишни патишта, опструктивен бронхитис, уртикарија). Се лекуваат педијатриски пациенти со пневмонија, плеврален излив, вентилациски пореметувања, рецидивен опструктивен бронхитис за иследување и третман на актуелната епизода, егзацербација на астма, потешка форма на уртикарија, инхалација на туѓо тело во дишните патишта, ехинококова циста на бели дробови, конгенитални малформации на респираторниот тракт, дијагностика на туберкулоза на бели дробови и по потреба пациенти со друга педијатриска патологија. Дијагностичката и терапевтска дејност на одделот се спроведува преку следните стандардни оперативни постапки/процедури, поврзани со спроведување на протоколи од терциерно ниво на здравствена заштита и тоа:
• Лабораторија (крвна слика со размаска, ЦРП, прокалцитонин, јонограм, гликемија, хепатални тестови, индиректна хемаглутинација кај ехинококози, тотален серумски IgE, in vitro специфични IgE антитела на нутритивни и инхалаторни алергени, серумски имуноглобулини, Алфа1 антитрипсин)
• АБС, пулс оксиметрија
• Алерголошки кожен prick тест на нутритивни и инхалаторни алергени
• Азотен оксид во издишан воздух (FeNO)
• Белодробни функционални испитувања (спирометрија, бронходилатациски тест, тест со физичко оптеретување)
• Трахеобронхоскопија
• Ултразвучен преглед на бели дробови и рентгенолошки испитувања (нативна рентгенграфија на бели дробови, КТ на бели дробови)
• Медикаментозно лекување на инфекции на горни и долни дишни патишта со употреба на антибиотици
• Инхалаторна терапија со адреналин, кусоделувачки бета-2 агонисти, ipratropium bromide, физиолошки раствор
• Медикаментозно лекување на егзацербација на астма и уртикарија со системски кортикостероиди
• Специфична имунотерапија, едукација за превентивна примена на инхалациски кортикостероиди
• Респираторна физикална терапија
Во склоп на одделот постои дневна болница каде се врши третман на пациентот, според кој за здравствените услуги за дијагностика, терапија, нега и рехабилитација кои се вршат на секундарно ниво е потребно сместување на болните само во определено време во текот на денот а не 24 часа.
Се користат современи тераписки протоколи и методи според препораките од Законот за здравствена заштита, во склад со протоколите од Медицина базирана на докази објавени.