На “Оддел зазаболување на нервниот и нервномускулниот систем ”на ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести се дијагностицира, се лекува и контролира широк спектар невролошка патологија во детска возраст.

Одделот се состои од:

А. Хоспитален дел каде се лекуваат дечиња со следните дијагнози:

  1. Развојни нарушувања на мускули во детска возраст
  2. Мускулни дистрофии
  3. Спинална мускулна атрофија
  4. Ендокрини, токсични и метаболни миопатии
  5. Нарушувања на невромускуларната трансмисија
  6. Наследни моторно-сензорни невропатии
  7. Токсични невропатии
  8. Автономни невропатии
  9. Guillain-Barre синдром
  10. Bell-ова парализа
  11. 11.Останати невромускулни заболувања

Б. Консултативна амбуланта за невромускулни забоувања каде се следат дечиња со гореспоменатата патологија

Тим на лекари:

  1. Д-р Љеља Муаремоска Канзоска, специјалист педијатар, супспецијалист невролог, раководител на Одделот
  2. Д-р Данило Нонкуловски, специјалист педијатар, научен соработник
  3. Д-р Љеарта Адеми Алили, специјалист педијатар

Д-р Валентина Дуковска, дипломиран дефектолог