Одделот за неонатологија и специјализирана неонатална интензивна нега при Клиниката за детски болести врши дијагностика и лекување на децата во првиот месец од животот. Одделот опфаќа хоспитален дел и супспецијалистичка неонатолошка амбуланта. Годишно се лекуваат – пациенти, а амбулантски се прегледуваат – доенчиња.

  1. Хоспиталниот дел на Одделот за Неонатологија и специјализирана неонатална интензивна нега располага со 16 места за лекување на тешко болни новороденчиња од целата држава. На Одделот се лекуваат новороденчиња со следниве состојби:
    • сите инфективни состојби – комплетна дијагностичка обработка и третман на локализирани и системски инфекции
    • дијагностика и лечење на директни и индиректни хипербилирубинемии од сите етиологии со примена на адекватни методи – фототерапија и ексангвинотрансфузија
    • пореметувања на централниот нервен систем (хипоксична енцефалопатија, инфекции, интракранијални хеморагии, вродени аномалии)
    • респираторен дистрес – пореметувања во дишењето од најразлична етиологија: незрелост, инфекции, вродени белодробни аномалии, синдроми на аспирација
    • прематурни новороденчиња, родени пред полни 37 гестациски недели упатени од родилиштата низ целата држава или прематурни новороденчиња кои имаат потреба од постинтензивен третман после престој на одделот за интензивна нега и терапија со спроведување на интензивен мониторинг, спроведување на парентерална и ентерална исхранаи реализирање на предвидените скрининг прегледи
    • новородени родени со интраутерин застој во растот
    • дијагностика на конгенитални малформации од сите органи и системи – вродени срцеви мани, вродени пореметувања на гастроинтестиналниот систем, урогениталниот систем, локомоторниот систем
    • дијагностика и терапија на различни вродени болести на метаболизмоткои имаат неонатална презентација
    • дијагностика на генетски и синдромски пореметувања
    • дијагностика и терапија на неонатални хематолошки пореметувања
    • преоперативно и постоперативно згрижување на новороденчиња со кои имаат потреба од хируршки третман
    • термински и прематурни новороденчиња кои имаат потреба од трансфузија на крв и крвни деривати
  2. Супспецијалистичка неонатолошка амбуланта.Воамбулантскиот дел се прегледуваат новороденчиња и се следат доенчиња до возраст од една година. Дел од овие пациенти се следат амбулантски по завршен хоспитален третман, останатите се следат во склоп на неонатолошката консултативна амбуланта, како редовни прегледи со проценка на општата здравствена состојба и проценка на растот и развојот.

На Одделот работат четири лекари специјалисти: еден супспецијалист педијатар-неонатолог и доцент на Медицинскиот факултет во Скопје и тројца специјалисти педијатри, обучени за дијагностика и третман на доносени, прематурни новородени и новородени со мала телесна тежина, за обука на родители и решавање на биоетичките проблеми во неонатологијата. Тимот од сестри е обучен за нега и третман на доносени и прематурни новородени, како и за едукација на семејствата за исхрана и нега на овие новородени.