ДОЕНЧЕ, МЕТАБОЛИЗАМ И ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА

Одделот за цистична фиброза и Одделот за доенче и метаболизам се два посебни оддели кои користат заеднички хоспитален простор и имаат заеднички медицински персонал.

Оддел за цистична фиброза

Одделот за цистична фиброза при Клиниката за детски болести дијагностицира, лекува и контролира деца, адолесценти и адулти со цистична фиброза и претставува единствен Центар за цистична фиброза во Република Македонија.

Одделот се состои од:

А. Хоспитален дел (5 изолации) каде се лекуваат пациентите со цистична фиброза (ЦФ) кои имаат потреба од болничко лекување поради:

  1. Влошување (егзацербација) на белодробната болест
  2. Ерадикациона терапија на белодробна примоинфекција со ЦФ патоген
  3. Акутно настанати гастроинтестинални проблеми: стомачна болка, повраќање, дистамен интестинален опструктивен синдром (DIOS), билијарна колика (калкулоза, холангит) или интестинално крварење (хематемеза и мелена)
  4. Појава на симптоми и знаци поврзани со други органи и системи: дијабет, ревматолошки проблеми (хронична инфламаторна болест), нефролошки проблеми, кардиолошки проблеми, коскена болест и др.
  5. Новодијагностицирани пациенти со цистична фиброза или пациенти под сомневање за цистична фиброза:
  1. Со респираторни засегања (респираторен дистрес, бронхопнеумониа, бронхиолит, опструктивен бронхит)
  2. Во малнутриција (ненапредување, симптоми на малапсорпција, малнутриционен синндром:едеми, хипопротеинемија и анемија)
  3. Со  метаболни нарушувања суспекни за цистична фиброза (хипонатремична/ хипохлоремична дехидрација, метаболна алкалоза и др.)
  4. За иследување или за тренинг за физикална терапија; супституциона терапија со панкреасни ензими

Б. Консултативна амбуланта за регуларно следење на пациентите со цистична фиброза, двапати неделно (вторник и среда). Пациентите имаат пристап во Центарот за цистична фиброза секој ден, во случај на влошување, како и можност за консултација преку телефон. Во рамките на консултативните амбуланти функционира:

  • Кабинетот за нутриција, во кој се следи растот на децата и нутритивниот статус на пациентите; се даваат совети за исхрана и постигнување на хиперкалориска диета; се даваат совети за супституциона терапија со панкреасни ензими во зависност од видот на оброкот.
  • Кабинет за физикална терапија, каде што се врши обука за белодробна физикална терапија, се следи ефикасноста на физикална терапија кај поедини пациенти, се врши обука за инхалациона терапија, како и начинот на одржување на помагалата за инхалациона и физикална терапија.
  • Кабинет за функционална дијагностика (спирометрија)
  • Генетско советувалиште
  • Консултативна амбуланта на психолог

Услуги кои ги нуди одделот

1. Дијагноза и лекување на пациентите со цистична фиброза

2. Регуларно следење, на 1-3 месеци, на пациентите со цистична фиброза: анамнеза, физуикален преглед, проценка на нутритивниот статус, пулсоксиметрија, спирометрија, земање на материјал за микробиолошки преглед на спутум.

3. Годишна евалуација на состојбата на пациентите (според протоколот), кога покрај регуларните  процедури се зима крв за комплетни лабораториски анализи, пратење на статусот на витамин Д, метаболизмот на гликозата, се упатува пациентот на ренгенграфија или CT на граден кош, ехографски преглед на абромен, DEXA и др. според потребата

4. Следење на растот и нутритивниот статус на пациентите (тежина, висина, перцентили на тежината и висината за возраст и пол, Z-скор за тежина, висина и тежина за висина, индекс на телесна маса-BMI, импенданса). Се користи посебен софтвер за анализа на нутритивниот статус.

5. Обука и следење  на ефикасноста на физикална терапија кај пациентите. Методи на белодробна физикална терапија за чистење на дишните патишта кои се применуваат се следните: постурална дренажа/перкусија, активен циклус на дишни техники, PEP-маска/ систем, Flutter, автогена дренажа, како и физички вежби.

6. Обука за инхалациона терапија, како и начинот на одржување на помагалата за инхалациона и физикална терапија, за спречување на инфекции.

7. Функционална дијагностика (спирометрија), кај амбулантски и хоспитализирани пациенти, за следење на ефектот од терапија.

Тим на лекари и медицински персонал

На Одделот за цистична фиброза работат три лекари специјалисти:

  • Проф.д-р Стојка Фуштиќ, специјалист педијатар, CV
  • Д-р сци. Татјана Јаќовска, специјалист педијатар, CV
  • Мр. д-р Лидија Спиревска, специјалист по хигиена – нутриционист, CV

Во склоп на тимот работи психолог – Татјана Зорчец, д-р сци.

Тимот од сестри го сочинуваат искусни сестри, со едукација и обука за цистична фиброза; посебно обучена сестра за белодробна физикална терапија (Биљана Пецевска), за инхалациона терапија, за спирометрија и одговорна сестра за спречување на интрахоспиталните инфекции. Тренираните сестри учествуваат во обуката на пациентите и родителите за различни тераписки постапки, неопходни за одржување на здравјето на пациентите.

Оддел за доенче и метаболизам

На Одделот за доече и метаболизам се дијагностицираат, лекуваат и контролираат доенчиња на возраст од еден месец до навршена една година од животот, со различна патологија.

Одделот се состои од:

А. Хоспитален дел каде се лекуваат следниве дијагнози:

  1. Инфекции од различен тип ( респираторни, ентерални, инфекции од кожатата, уринарен тракт и централен нервен систем, сепса и др).
  2. Пореметување во исхраната од типот на протеинско-енергетска малнутриција,најчесто поради грешки во исхраната или малапсортивни синдроми поради интолеранција на шеќери, протеини од кравјо млеко, цистична фиброза и др.)
  3. Анемија од различен тип( најчесто поради недостиг на железо, т.н феродефицитни анемии).
  4. Болести на коски во раст, т.н стечени и наследни облици на рахитис..
  5. Жолтици (продолжени неонатални жолтици, жолтици од холестатски тип)
  6. Стекнати и наследни пореметувања во метаболизмот на вода електорлити, како и пореметувања на ацидо- базната рамнотежа од ралични причини..
  7. Ретки наследни болести на метаболизмот, т.е вродени грешки на метаболизмот.

B.Консултативна доенечка амбуланта за преглед и следење на доенчиња со различна патологија, два пати во неделата.
Услуги кои ги нуди одделот

  1. На Одделот за доече и метаболизам се дијагностицираат и згрижуваат доенчиња со следниве најчести дијагнози:
  • Инфекции од различен тип( респираторни, ентерални, кожни и др.)
  • Малнутриции
  • Анемијa
  • Рахитис
  • Жолтици
  • Налседни болести на метаболизмот
  1. Следење и контрола на доенчиња после завршена хоспитализација
  2. Следење на раст и развој
  3. Совет за нега и исхрана
  4. Генетско советување

Тим на лекари

  • Прим. Др Невенка Славевска, специјалист педијатар
  • Проф.д-р Стојка Фуштиќ, специјалист педијатар, CV
  • Д-р сци. Татјана Јаќовска, специјалист педијатар, CV

Телефон:  +389 02 3147  716

e-mail: doence.metabolizam.cf@ukdetskibolesti.mk