ИМУНОЛОГИЈА

Оделот за имунологија за сега е сеуштe единствен оддел за откривање, дијагностика и следење на педијатриски пациенти со заболувања на имуниот систем. Се наоѓа на 4-от спрат на Универзитетската Клиниката за детски болести во Скопје, како посебен оддел. Располага со капацитет од 29 кревети ( 15 за пациенти + 2 за пациенти на дневна болница + 12 за мајки). Вкупниот број на вработен персонал е 15 ( 4 педијатри  од кои 3 лекари специјалисти-педијатри, кои долги години се занимаваат со педијатриска имунологија и 1 млад специјалист-педијатар), 10 сестри и 1 хигиеничарка.

Тим на педијатри-специјалисти на одделот

  1. Прим. М-р сци. Д-р Кристина Миронска, 
    раководител на оддел за  имунологија
  2. Доц. Д-р Лидија Карева, 
    раководител на оддел за амбулантно-поликлиничка дејност при Клиниката
  3. Доц. Д-р Катарина Ставриќ, 
    шеф на Отсек за хуморални имунодефицити
  4. Др. Аријета Хасани

 

ГЛАВНИ ФУНКЦИИ

  1. ХОСПИТАЛЕН ДЕЛ – ОДДЕЛ

На одделот се хоспитализираат, дијагностицираат, лекуваат и следат деца со:

  • Примарни имунодефицити (наследни пореметувања на имуниот систем),
  • секундарни имунодефицити (стекнати пореметувања на имуниот систем),
  • автоинфламаторни болести
  • несакани поствакцинални реакции
  • атопии во раната детска воздраст
  • фебрилни состојби од непознато потекло
  • акутни инфективни болести

 

Примарна функција на одделот е откривање, дијагностицирање, лекување и следење на пациенти со наследно, вродено пореметување во имуниот одговор, односно со primarniimunodeficиенции (ПИД). Децата со дијагностицирани примарни имунодефицити се водат на одделот според препораките од прифатените раководства во светот. Одделот е редовно снабден со имуноглобулини за супституциона терапија на пациентите со примарни имунодефицити, особено за пациенти со агамаглобулименија.

 

Во склоп на одделот е формиран Центар за примарни имунодефицити со регистер на пациентите со докажан ПИД на територија на целата држава. До денес се регистрирани 107 пациенти со дефинитивна дијагноза за ПИД.

На одделот секојдневно се зголемува бројот на хоспитализирани пациенти кај кои што се утврдува постоење на секундарни имунодефицити, најчесто заради анемија, рахитис, малнутриција, но во последно време сé почесто и заради абузус на антибиотици како и кортикостероиди. Ваквите пациенти се следат и лекуваат на одделот,  при  што е потребно големо знаење, вештина и  долготрајно следење, лекување и советување за соодветен режим на исхрана и живеење, за да се постигне подобрување на нивната здравствена состојба.

Автоинфламаторните болести се релативно нова група на заболувања, кои по имунолошкиот механизам на настанување се разликуваат од автоимуните заболувања и се претставени како посебна група на болести во класификацијата на примарни имунодефицити. На одделението се дијагностицирани на молекуларно ниво и се следат повеќе такви пациенти.

Овој оддел претстатува и единствен Центар во Македонија за дијагностицирање и водење на пациентите со несакани поствакцинални реакции. На одделот

  • се хоспитализираат пациенти со непосредни посериозни поствакцинални реакции;
  • се врши имунизација на децата под ризик или со посебна индикација;
  • се врши обсервација по изведената имунизација;
  • се издаваат дефинитивните стручни мислења за  индикации,  контраиндикации и препораки за  одвивање на понатамошната имунизација   кај пациентите со претходно пројавени несакани поствакцинални реакции.

(Во тек на 2014 година на одделот се направени 1440 консултации за имунизација)

Атопиите, особено атопискиот дерматитис во првата година од животот е честа патологија на одделот. Лекувањето водењето и следењето на ваквите пациенти е долготрајна и макотрпна работа на лекарите од овој оддел, затоашто бара долготрајни разговори (круциелни во водењето на пациентите) со родителите за негата и исхраната на овие пациенти.

Фебрилните состојби од непознато потекло се посебна проблематика која бара сложен пристап кон ваквите пациенти хоспитализирани на одделот. Претпоставувајки дека веројатно се работи за пореметување на имуниот одговор кај ваквите пациенти ( и покрај тоа што најчесто се работи за некое инфективно заболување), многу често, ваквите пациенти биваат упатени, а след тоа прифатени и хоспитализирани за дијагностицирање и лекување на овој оддел.

Како и сите други оддели на Клиниката, одделот за имунологија згрижува и пациенти со инфективни болести (акутни и хронични), функционирајќи како болница од секундарно ниво на заштита.

Во склоп на целокупната работа при УКДБ, тимот на лекари од одделот врши педијатриско – имунолошка консултативно-конзилијарна дејност  во другите субспецијалистички оддели при Клиниката, како и на останатите Клиники во склоп  на Универзитетските Клиники  “Мајка Тереза” и здравствени установи во Р. Македонија.

Едукативната функција на одделот се организира и изведува за различни целни групи и според тоа се и со специфична содржина ( за родители, за персонал, за студенти, стажанти, специјализанти, континуирана медицинска едукација). Тоа е трајна работа и обврска на лекарите од овој оддел, која редовно ќе продолжи да се одвива и понатаму.

2. ИМУНОЛОШКА КОНСУЛТАТИВНА АМБУЛАНТА

Функционира во склоп на одделот, каде што се следат веќе дијагностицираните деца со имунодефициенции, се откиваат нови пациенти со пореметувања во имуниот одговор, се испитуваатпациенти кои имаат нејасни заболувања каде постои сомнение дека постои некое имунолошко пореметување, се даваат мислење за понатамошна имунизација кај деца со поствакцинални несакани реакции.

Сите лекари од педијатрискиот тим од одделот за имунилогија, имаат свој амбулатски ден и работат на МОЈ ТЕРМИН според препораките на Министерството за Здравство:

Др. Аријета Хасани –  понеделник

Доц. Д-р Лидија Карева – вторник

Прим. М-р сци. Д-р Кристина Миронска – среда

Доц. Д-р Катарина Ставриќ – четврток
 

3. ДНЕВНА БОЛНИЦА

Функционира во склоп на одделот, како посебно опремен простор, каде што:

  • пациентите со ПИД, посебно оние со агамаглобулинемија, примаат интравенски имуноглобулини;
  • кај поголемиот дел од децата со пријавени поствакцинални реакции се врши имунизација под ризик со последователна обсервација после изведена имунизација;
  • се аплицира интравенска терапија кај децата кои се подобрени и пуштени на домашно лекување а доаѓаат за контролен преглед и терапија.

 

Во тек на 2014 година

  • на одеелот se хоспитализирани 515 пациенти;
  • направени се 1440 консултации за имунизација исто толку се имунизирани под ризик
  • направени се 2970 амбулатски прегледи.

Шеф на одделот за имунологија

Прим. М-р сци. Д-р КристинаМиронска

 

 

Телефон:  +389 02  3147 714 

e-mail: imunologija@ukdetskibolesti.mk