МИСИЈА

Мисијата на Универзитетската клиника за детски болести е следната:

Ние нудиме здрава иднина на децата и нивните семејства, преку врвна педијатриска грижа, едукација и истражување

Оваа мисија опфаќа три основни дејности кои се дел од секојдневното работење на клиниката, а тоа се грижата за пациентот, едукацијата на идните генерации на педијатри и спроведувањето на педијатриско истражување.

Клиниката, како единствена терцијална педијатриска институција во Македонија, исто така завзема и функција на застапување преку своето раководство, кога станува збор за клучни здравствени проблеми кај децата.