НЕФРОЛОГИЈА

Нефролошкиот  оддел при Универзитетската клиника за детски болести дијагностицира, лекува и контролира деца на возраст 0-14 години со нефро-уролошки заболувања, хипертензија, васкулити, системски,метаболни и генетски заболувања кои ги афицираат бубрезите. За прва дијагноза децата се примаат од 0-14 години, а ако е поставена дијагнозата се следат и до 18 години, а потоа се префрлуваат за лекување и контролирање на Интерните клиника (Клиника за Нефрологија).

Одделот се состои од:

А. Хоспитален дел каде се лекуваат деца со следниве дијагнози

  1. Конгенитални аномалии на бубрезите – дијагноза, терапија, предоперативна припрема и постоперативно следење
  2. Уринарни инфекции-акутни фебрилни уринарни инфекции кои бараат парентерален третман до преминување на орален третман.
  3. Акутни постинфекциони гломерулонефрити – дијагноза, третман во акутната фаза
  4. Нефротски синдром – дијагноза, третман до постигнување на ремисија. Продолжо лекување кај деца со кортикорезистентен нефротски синдром (метилпреднисолонски пулсеви, бубрежна биопасија, воведување на цитостатска терапија)
  5. Систетмски еритемски лупус, васкулитис, процена на бубрежна функција, дијагностика, третман
  6. Тубулопатии и каналопатии
  7. Хередитарни бубрежни заболувања и метаболички со афекција на бубрезите
  8. Хронична бубрежна болест (дијагностика, третман на комнпликации)
  9. Акутна бубрежна инсуфициенција
  10. Припремна за хронична перитонелна дијализа, иницијален хоспитален третман и едукација на фамилијата, третман на компликации (перитонитис).
  11. Бубрежна трансплантација (припрема, предоперативно и посоперативно следенје, лекување на компликакции).

Б. Kонсултативната нефролошка амбуланта која работи во склоп на одделот

4 дена во неделата преку закажувања во Мој термин. Дневно се вршат 15 прегледи ( специлалистички и субспецијалистички консултации), изведување ултразвучни прегледи, Холтер мониторинг, функционални бубрежни тестови.

В. Центар за перитонелана дијализа во кој се евалуираат пациентитите на хронична перинеална дијализна програма (сите се на автоматизирана перитонеална дијализа), ПЕТ тест

УСЛУГИ КОИ ГИ НУДИ ОДДЕЛОТ

  1. Дијагностика и терапија на децата со горенаведените дијагнози
  2.  Реализирање на улразвучен преглед на бубрезите и уринарниот тракт.
  3.  Директна радионуклидна цистографија во соработка со Институтот  за Патофизиологија и нуклеарна медицина.
  4. Функционални бубрежни тетови
  5. Холктер мониторинг на артеријална тензија
  6. Пертонеумски еквилибрациони тест (ПЕТ)
  7. Едукација на деца и родители со хронични бубрезни болести
  8. Нефро-уролошко-радиолошка конуслтација
  9. Нефро-патолошка консултација
  10. Специфична лабораториска, метаболичка, генетска дијагнстика на ретки бубрежни заболувања во соработка со рефентните лаборатории во земјата и странство.

ТИМ НА ЛЕКАРИ

На одделот работат лекари специјалисти и субспецијалисти во детската нефрологија. Тим од сестри обучени за софистицирани анализи и третман на децата со нефролошки заболувања, спроведување на акутна и хронична перитонеална дијализна програма.

Профил на лекарски кадар

  1. Проф. Д-р Велибор Тасиќ, педијатар, нефролог, доктор по медицински науки од областа на детска нефрологија.
  2. Научен соработник Д-р Емилија Шахпазова, педијатар, нефролог, доктор по медицински науки од областа на детска нефрологија.
  3. Д-р Нора Емини, специјалист педијатар

Телефон:  +389 02 3147 721

e-mail: nefrologija@ukdetskibolesti.mk