Одделот за психофизиологија официјално е формиран во 1996 година. Главни активности на персоналот на одделот се:
- Психолошка проценка и третман на деца со развојни и психофизиолошки растројства
- Психолошки интервенции кај хронично болни деца
- Менаџирање со стресот и примена на релаксациони техники
- Детекција, интервенција и превенција на злоставувањето на деца
- Инклузија на децата со специјални потреби во социјалната средина и образовниот процес
- Промоција и едукација за менталното здравје.
Основен терапевтски приод е примена на разновидни психотерапевтски техники во комбинација со различни биофидбек модалитети кај деца со недостаток на внимание со или без хиперактивност или ADHD, тикови, енуреза/енкомпреза, анксиозно-фобични растројства, аутизам, опсесивно-компулсивно растројство, растројство во исхраната, соматоформни растројства, растројства во говорно-јазичните способности, растројства во училишните способности итн.
Одделот за цистична фиброза и Одделот за доенче и метаболизам се два посебни оддели кои користат заеднички хоспитален простор и имаат заеднички медицински персонал.