На Одделот за доенче и метаболизам на ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести се дијагностицираат, лекуваат и контролираат доенчиња, на возраст од 1 месец до навршена една година од животот, со различна патологија.
Одделот се состои од:
А. Хоспитален дел каде се лекуваат доенчиња со следните дијагнози:
- Инфекции од различен тип (респираторни, ентерални, инфекции на кожата, уринарен тракт и централен нервен систем, сепса).
- Пореметување во исхраната од типот на протеинско-енергетска малнутриција најчесто поради грешки во исхрана или малапсортивни синдроми поради интолеранција на шеќери, протеини од кравјо млеко, цистична фиброза и др.
- Анемии од различен тип (најчесто поради недостаток на железо, т.н феродефицитни анемии).
- Болести на коските во раст , т.н. стечени и наследни облици на рахитис.
- Жолтици (продолжени неонатални жолтици или жолтици од холестатски тип).
- Стекнати и наследни пореметувања во метаболизмот на вода електролити, како и пореметувања на ацидо-базната рамнотежа од различни причини.
- Ретки наследни болести на метаболизмот, т.н. вродени грешки на метаболизмот.
Одделот е во тесна соработка со лабораторијата за ран неонатален скрининг на Клиниката каде се скринираат околу 40 вродени болести на метаболизмот.
Б. Консултативна доенечка амбуланта каде се прегледуваат и следат доенчиња со различна патологија, три пати во неделата.
Тим на лекари:
o Прим.д-р Невенка Славеска, Раководител на Одделот, специјалист педијатар
o Д-р Ана Томова Стаматова, специјалист педијатар
o Мр. д-р Лидија Спиревска, специјалист по хигиена-нутриционист