Одделот за педијатриска имунологија се наоѓа при Универзитетската Клиника за Детски Болести во Скопје и функционира како посебна територијална и функционална целина со капацитет од 14 кревети за деца и уште толку кревети за мајки.  Располага со 4 еднокреветниизолации, 2 двокреветни  и 2 трокреветни болнички соби. Сите болнички соби имаат посебни, сопствени купатила. Во склоп на одделот има посебна кујна за мајките и млечна кујна за пациентите.

ХОСПИТАЛЕН ДЕЛ

1. Основната задача на Одделот за имунологија, како единствен Центар во Р.Северна Македонија, за дијагностицирање, лекување, водење и контролирање на педијатриските пациенти со ПРИМАРНИ ИМУНОДЕФИЦИЕНЦИИ (ПИД), или по новата терминологија НАСЛЕДНИ ЗАБОЛУВАЊА НА ИМУНИТЕТОТ (ИЕИ) обезбедува:

  1.1. дијагностика на ПИД пациентите, користејќи ги можностите на имунолошката лабораторија на Клиниката, другите достапни лаборатории во склоп на Клиничкиот центар, други институции во државата (МАНУ), странски лаборатории како и лични консултации со светски експерти  за дадената проблематика.

1.2. спроведува супституциона терапија со интравенскиимуноглобулини (ИВИГ) или субкутаниимуноглобулини (СЦИГ) на пациентите со хуморални имунофицити.

1.3. спроведува супституциона терапија со интравенски или субкутан хуман Ц1-естераза инхибитор на пациентите со хередитаренангиоедем (ХАЕ)

1.4 спроведува лекување на пациенти со наследни заболувања на имунитетот од групата на автоинфламаторни заболувања, со обезбедување на соодветна биолошка терапија.

1.5 издава соодветни конзилијарни мислења за упатување во странство за стем-клеточна трансплантација, како дефинитивна и конечна терапија на ПИД пациентите за излекување.

1.6. врши лекување на ПИД пациентите со акутни инфекции во строга изолација, во болничка соба – посебна изолација на одделот, приспособена и наменета само за ПИД пациенти.

2. Покрај оваа основна активност, на одделот се дијагностицираат, лекуваат и следат и голем број на пациенти со стекнат, СЕКУНДАРЕН ИМУНОДЕФИЦИТ, настанат заради постоечка  анемија,малнутриција и / или рахитис, состојби после потешки вирусни или бактериски инфекции, преголема употреба на антибиотици или кортикостероиди, а во последно време се поголема употреба на природни или полусинтетскиимуностимуланси. Ваквите пациенти не само што се дијагностицираат и хоспитализираат туку и подолг период се следат во имунолошката консултативна амбуланта, се`до нивнотот потполно излекување.

3. На одделот се лекуваат и следат и пациенти со НЕСАКАНИ ПОСТВАКЦИНАЛНИ РЕАКЦИИ, се иследуваат причините за нивното настанување и се издава мислење за понатамошна имунизација.

За соодветно и безбедно дијагностицирање и водење на пациентите со несакани поствакцинални реакции, како и одговорноста за издавање на дефинитивни стручни мислења за индикации, контраиндикации и препораки за одвивање на понатамошна имунизација, како и за имунизација под ризик на голем број на пациенти кои веќе имале несакана поствакцинална реакција, обезбедена е просторија – изолација (според светските стандарди / упатства на самото одделение).

4. На одделот се дијагностицираат, лекуваат и следат и пациенти со АТОПИСКИ ДЕРМАТИТИС ВО РАНАТА ДЕТСКА ВОЗРАСТ, како можна пројава на симптоми во склоп на наследен пореметен одговор на имуниот систем.

5. На одделот се хоспитализираат и пациенти со ФЕБРИЛНИ СОСТОЈБИ ОД НЕПОЗНАТО ПОТЕКЛО, за иследување и лекување.

6. Во последниве години, откога сме во пандемија со Ковид -19, на одделот се дијагностицираат и лекуваат децата кои развиваат ПОСТ-КОВИД СИМПТОМИсо зголемена хиперактивност на имуниот систем (сериозен мултиситемскиинфламаторен синдром (МИС-Ц) со сите свои компликации, лонг-ковид со долготрајна и многу шаренолика патологија), но и со намален имун одговор и појава на секундарен имунодефицит.

7. Како и на сите други оддели на клиниката, одделот за имунологија згрижува и деца-пациенти со АКУТНИ ИНФЕКТИВНИ БОЛЕСТИ (пред се респираторни или ентерални), функционирајки како болница од секундарно ниво на заштита, во случаи кога нема место за прием на соодветниот оддел според дијагнозата.

ИМУНОЛОШКА КОНСУЛТАТИВНА АМБУЛАНТА

Се наоѓа во амбулантско-поликлиничкиот дел во Универзитетската Клиника за Детски Болести во Скопје.

  1. Амбулантата е реновирана (окречена и со нов мебел) и во функција на опремена имунолошка консултативна амбуланта, во која се следат пациентите внесени во РЕГИСТЕРОТ НА ПАЦИЕНТИ СО ПРИМАРЕН ИМУНОДЕФИЦИТ во нашата држава.
  • Во рамките на консултативната амбуланта се врши и ГЕНЕТСКО СОВЕТУВАЊЕ НА РОДИТЕЛИТЕ.
  • Се иследуваат, дијагностицираат, лекуваат и следат пациенти со имунодефициенција, упатени од матичните лекари ширум државата.
  • Се контролираат пациентите кои биле хоспитализирани и лекувани на одделот се` до нивното излекување.

КОНСУЛТАТИВНО – КОНЗИЛИЈАРНАТА АКТИВНОСТ

Лекарите специјалисти од одделот спроведуваат консултативно – конзилијарната активност на:

  1. другите оддели при Клиниката за детски болест,
  2. во останатите установи во Клиничкиот Центар во Скопје,
  3. како и воустановите на територија на Р.С.Македонија.

ЕДУКАТИВНА АКТИВНОСТ

ЕДУКАТИВНА ФУНКЦИЈАкоја се организира и изведува на одделот за различни целни групи и со специфична содржина – ЗА РОДИТЕЛИ, ЗА ПЕРСОНАЛ, ЗА СТУДЕНТИ, СТАЖАНТИ, СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ ПО ПЕДИЈАТРИЈА, СЕМЕЈНА МЕДИЦИНА, ДЕРМАТОЛОГИЈА, АНЕСТЕЗИОЛОГИЈА, ИНФЕКТИВНИ БОЛЕСТИ е трајна задача која редовно се одвива.

На одделот се одржуваат вежби, демонстрации, нагледни предавања, испити за студентите од Медицинскиот факултет (студенти по општа медицина), Стоматолошкиот факултет (студенти по стоматологија) ивисоките медицински школи (медицински сестри и техничари).

КОНТИНУИРАНА МЕДИЦИНСКА ЕДУКАЦИЈА

На одделот се врши континуирана “up-date”-иранаобука на целокупниот персонал  за работата со специфичната патологија на одделот.

ПЕРСОНАЛ на Одделот:

ЛЕКАРИ на Оддел:

1. Проф М-р сци Д-р Кристина Миронска, специјалист педијатар- имунолог

2. Асс д-р Аријета Хасани, специјалист педијатар, субспецијалист пулмолог

СЕСТРИ на Оддел:

  • 8 медицински сестри вработени на Клиника  (од кои 7 со завршена Висока Медицинска Школа и само 1 сестра со ССС) и
  • 1 сестра со ССС на договор на дело.

ХИГИЕНИЧАР:

За хигиената на одделот се грижи една хигиеничарка