На “Одделот за неврологија, епилепсија и развојно следење”на ЈЗУ Универзитетската Клиника за детски болести се врши невролошка и развојна проценка, се дијагностицира, се лекува и контролира широк спектар невролошка патологија во детска возраст.
Одделот се состои од:
А. Хоспитален дел каде се лекуваат дечиња со следните дијагнози:
- Конвулзии во детство
- Епилепсија
- Вродени аномалии на централниот нервен систем
- Главоболки
- Неврокутани синдроми
- Нарушувања во координација и движење од невролошка етиологија
- Церебрална парализа
- Енцефалопатии
- Невродегенеративни заболувања во детска возраст
- Демиелинизирачки нарушувања на ЦНС
- Акутни мозочни инсулти во детска возраст
- Бенигна интракранијална хипертензија
- Инфекции на централен нервен систем
- Мозочни апсцеси
- Заболувања на ‘рбетен мозок
Б. Консултативна невролошка амбуланта, со кабинет за електроенцефалографија, ултрасонографија на мозок, каде се следат дечиња со гореспоменатата патологија, како и развојно следење и развојна проценка на деца родени со фактор на ризик, деца со одстапувања и деца со пречки во психомоторниот развој.
Тим на лекари:
- Д-р Љеља Муаремоска Канзоска, специјалист педијатар, супспецијалист невролог, раководител на Одделот
- Д-р Данило Нонкуловски, специјалист педијатар, научен соработник
- Д-р Љеарта Адеми Алили, специјалист педијатар
Д-р Валентина Дуковска, дипломиран дефектолог