Оддел за психофизиологија

Одделот за психозиологија претставува целина од посебни единици кои подразбираат засебен простор, опрема и медицински кадар за извршување на високо специјализирана здравствена заштита (специјалистичко–супспецијалистичка, консултативна, болничка и наставно-научна дејност). На одделот се вршат консултации на пациенти упатени од ургентна амбуланта, другите оддели на Клиниката, матичните и семејните лекари и сите други единици во рамките на здравствениот систем. На одделот се  третираат пациенти со растројства во психолошкиот развој  (специфични говорни и јазични растројства, специфични растројства на школските способности, хиперкинетски растројства, растројства на поведение, емоционални растројства, аутизам, растројства наелиминација и исхрана, тикови, интелектуална попреченост, опсесивно-компулсивни растројстваи др.), како и хронично болни педијатриски пациенти со коморбидни психички состојби.

Дијагностичката дејност се одвива со употреба на следните инструменти и техники:

  • Скали за проценка на интелигенцијата и раниот психомоторен развој:VITIM (WISC-R); Raven’s Progressive Matrices; Rey figure; Cohs cubes; Chuturic scale, Griffiths scales, Ages and Stages-3 etc.;
  • Скали за проценка на вниманието, помнењето и егзекутивните функции:ComputerAssistedNeuropsychological Diagnostics and Therapy [CANDIT] which include verbal and nonverbal tests or short-term memory, test for short and long attention, Stroop Color Test and Wisconsin Card Sorting Test etc.; Trail making test; Rey auditory test etc.,
  • Скали за проценка на детето од страна на родителите и наставниците: CBCL; ADD-H: Comprehensive Parent Rating Scale [ACTeRS]; Conner’s scales etc.,
  • Прашлници за личноста: MMPI; Eysenck Personality Questioner; Beck Depression Inventory; Profile Index Emotions; The Schedule for Affective Disorders and Schizophrenia for School-Age Children [K-SADS]  etc.,
  • Скали за проценка на нивото на стресот: Perceived Stress Questionnaire, FILE, Sarason STAI etc.
  • Скрининг и проценка на аутизмот: M-CHAT, ADOS-2, GARS-2.

Тераписките интервенции вклучуваат:

  • Когнитивно-бихевиорална терапија
  • Семејна терапија
  • Супортивна терапија
  • биофидбек
  • JASPER
  • DTT
  • Асистирана технологија (роботика)
  • Логопедски третман
  • Дефектолошки третман.

Восклоп на одделот постои Центар за рана интервенција кадесеизведуваат тесно специјализиранитретманинадецата со аутизам.