На одделот за нефрологоија работат двајца специјалисти Проф.Др. Велибор Тасиќ и Др, Нора Абази Емини.
На одделот и во Консултатовна Амбуланта се дијагностицираат и третираат деца со најразноврсни нефроуролошки заболувања.
• Конгенитални аномалии на бубрезите и уринарниот тракт (CAKUT, изолиран и синдромски);
• Уринарни инфекции, дисфункционално мокрење, невроген мочен меур, енуреза
• Нефротски синдром (конгенитален, стероид сензитивен, стероид резистентен, во склоп на други синдроми);
• Хронични гломерулопатии (IgA нефропатија, мембранозен гломерулонефрит, мембранопролиферативен, мезангијалнопролиферативен и др.);
• Хередитарен нефрит (Alport, болест на тенка базална мембрана и други);
• Тубулопатии и каналопатии;
• Бубрежна хипертензија, фамилијарна, ниско-ренинска;
• Нефролитијаза и нефрокалциноза;
• Цистични бубрежни заболувања; Цилиопатии;
• Атипичен хемолизно-уремиски синдром и пореметувања во комплементарниот систем;
• Митохондријални заболувања со ренална афекција;
• Системски васкулити, колагени и автоимуни заболувања со ренална афекција;
• Метаболички заболувања со ренална афекција (примарна хиперокслаурија, цистиноза, Fabry, метилмалонска ацидемија и др.);
• Други мултисистемски болести со ренална афекција;
Одделот имат има одлична соработка со клиниката за Нефрологија, Киниката за детска хирургија, Институтот за Патофизиологија и Нуклеарна Медицина, Институтот за Радиологија, Институтот за Патолошка анатомија, Институтот за Имунобиологија и Хумана Генетика и Македонската Академија на Науките и Уметностите.
Одделот соработува со педијатриски нефролошки центри во бившите Југословенски Републики (Ниш, Белград, Нови Сад, Приштина, Загреб, Ријека, Сплит, Сарајево, Подгорица, Љубљана), како и од земјите на Југоисточна Европа: Софија, Тирана, Атина. Солун, Анкара, Истанбул, Букурешт.
Оддлот активно е вклучен во научно-истрашувачките проекти
• Хередитарни тубулопатии, пореметувања на метаболизмот на магнезиум со M Konrad и S. Weber (Германија), D. Bockenhauer, R, Kleta (Велика Британија)
• Цистични бубрежни заболувања Carsten Bergmann (Германија), P. Harris (УСА)
• Alport syndrome J. Hoefele (Германија)
• Dent1/Dent2 disease M. Ludwig (Германија)
• Конгенитални аномалкии на бубрезите и уринарнииот тракт – J. Hoefele, S. Weber, F. Schaefer (Германија), F. Hildebrandt (Harvard, УСА), S Sanna-Cherchi (Columbia, УСА) A. Woolf (UK)
• Нефролитијаза/Нефрокалциноза со B. Beck, B. Hoppe, J, Halbritter (Германија), J Sayer (Велика Британија)
• Ренална Хипоурикемија со B. Stoburkova (Чешка Република)
Како резултат на ова соработка се трудовите во списанија со висок импакт фактор
New England Journal of Medicine, American Journal of Human Genetics, Journal of the American Society of Nephrology, Kidney International, American Journal of Kidney Diseases, Pediatric Nephrology, Journal of Medical Genetics, Nephrology Dialysis Transplantationc.