Д-р Реџеп Мемеди – е роден на 17.11.1980 год. во Студеничани- Скопје, основно образование завршил во родното место с. Студеничани, потоа продолжил средно образование во средното медицинско училиште “Д-р Панче Караѓозов” во Скопје– каде дипломираше во 1999 година со одличен успех, како еден од најистакнатите ученици.
Додипломските и постдипломските студии ги продолжи во Медицинскиот факултет – Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
После дипломирање во 2008 година за краток период беше наставник во средното медицинско училиште “Д-р Панче Караѓозов” во Скопје, после тоа ја продолжи професионалната кариера во Институтот за јавно здравје на РСМ во Скопје– оддел за Епидемиологија, до декември 2009 год. .
Од декември 2009 година работи во Универзитетската Клиника за детски болести –Скопје, каде во 2015 год. ја заврши специјализацијата во областа Педијатрија и актуелно е раководител на Одделот Наонатологија.
Актуелно ги следи докторските студии-трет циклус во областа на медицинските науки на Медицинскиот факултет во Скопје.
Д-р Мемеди својата професионална кариера ја збогатил со едукација и професионален ангажман и во земјите од Европската Унија, каде учествувал на многу симпозиуми и стручни средби, како и обуки во областа на медицината, како на пример:
- Тринеделна професионална обука од областа на јавното здравје – во Менорка, Шпанија- во 2009 год. организиран од ECDC ( European Centre for Disease Prevention and Control).
- Стручна обука во Болницата Bambino Gesu во Рим, Италија- од ноември 2013 до февруари 2014 год. – едукација во рамките на специјализацијата во областа Педијатрија.
- Професионален ангажман- работел како лекар во еден приватен Медицински Центар во Германија – NRW (oд август 2020 год.- јануари 2022 год.)
Д-р Реџеп Мемеди од 2014 година е активен и на политичката сцена, бил и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија од ноември 2017 година до јуни 2020 година.
Д-р Мемеди, освен македонскиот jaзик, владее уште најмалку четири странски јазици: англискиот, германскиот, турскиот и српско-хрватскиот јазик.