Директорот на Клиниката за детски болести Д-р спец. Реџеп Мемеди имаше голема чест да ја пречека амбасадорката на Кралството Холандија г-ѓа Озлем Џанел, која дојде на посета на нашата Клиника. На средбата се разговараше за можностите за развој на соработката меѓу Детска Клиника и медицинските центри во Холадија, со ставање акцент на Меморандумот за соработка кој неодамна ја потпиша нашата институција со Центарот за детска онкологија „Принцеза Максима“ од Утрехт, Холандија.
Амбасадорката Џанел изрази безрезервна поддршка за оваа стратешка соработка меѓу двете институции која има за цел унапредување на третманот за деца со рак во Северна Македонија, истовремено потенцирајќи дека Амбасадата на Холандија секогаш ќе биде отворена и спремна да помогне во реализирање на идеи и проекти кои ќе бидат во полза на детското здравје.
за здравјето на децата


