Директорот Д-р спец. Реџеп Мемеди во негово лично име и во името на целокупниот персонал на Универзитетската Клиника за детски болести- изрази голема благодарност на Амбасадата на Јапонија во РСМ, на Амбасадорката на Јапонија- нејзината екселенција г-ѓа Сецуко Кавахара и на јапонскиот народ- кои уште еднаш, со оваа значајна и вредна донација на функционален мобилен рендгенски апарат за неонатални и педијатриски пациенти, покажаа голема хуманост спрема децата, нашите пациенти, а и спрема граѓаните на нашата земја.
На промоцијата беа присутни и државниот секретар во Министерството за здравство Д-р Бесим Мемеди како и шефот на Канцеларијата на Светската здравствена организација во земјава, Д-р Аким Али, на кои директорот Мемеди им се заблагодари за соработката и континуираната поддршка на Клиниката за детски болести.
Овој Рентген апарат овозможува брза и прецизна дијагноза, додека мобилната дигитална технологија за снимање помага да се елиминираат повторните рендгенски прегледи и непотребниот транспорт особено на новороденчињата и прематурните, кои не можат да бидат извадени од нивните инкубатори и транспортирани до статички рендгенски апарат.














