Компанијата ЗЕГИН и Фондацијата Д-р Верица Механџиска со донација за Клиниката за детски болести. Во рамките на нивната хуманитарна мисија денеска организираа маратон за деца, при што од насобраните средства од ваучери доделија донациски чек за доопремување на Одделот за Психофизиологија, каде што се спроведуваат специјализирани третмани за децата со аутизам.
Директорот Д-р Реџеп Мемеди, во името на целиот персонал на Клиниката, изрази голема благодарност до Фондацијата и до компанијата ЗЕГИН за докажаната хуманост!






