Известување

Почитувани граѓани,

                По објавениот настан по медиумите на 12.07.2024 год. поврзано со наводите за повреда на 4 месечното доенче кое беше хоспитализирано во Универзитетската клиника за детски болести – Скопје, директорот на Клиниката Д-р Реџеп Мемеди побара формирање стручна комисија со задача за расветлување на случајот. Комисијата во тек на вчерашниот ден (15.07.2024 год.) ги разгледа сите факти, сите информации и изјави на медицинската сестра и родителите на 4 месечното доенче. При тоа се утврди дека немало апсолутно никаква намера на медицинската сестра за нанесување повреда, туку тие хематоми- модринки на десната рака настанале во тек на процедурата – земање венска крв за анализи на ден 11.07.2024 год., која е реализирана од страна на две медицински сестри – при што една сестра ја фиксира раката на детето – надлактица и подлактица а другата сестра боцка вена. Како последица на механичкиот притисок настанале хематомите на десната надлактица и подлактица. Сметаме дека најверојатно во основа причина за алармирање на случајот од страна на родителите е едно недоразбирање- меѓу дедото на детето и медицинската сестра кое се случило претходно, на ден 07.07.2024 год. и губење на довербата на родителите кон медицинската сестра. Вчера со иницијатива на директорот на Универзитетската клиника за детски болести  Скопје Д-р Реџеп Мемеди е реализирана средба меѓу родителите на 4 месечното доенче и медицинската сестра. Родителите на детето се покажаа доблесни и медицинската сестра изрази спремност за да се согласат дека настанот е повеќе последица на погрешна комуникација и недоразбирање, и си дадоа рака на помирување.

              Откако се постигна помирување на двете страни, комисијата ја прекина својата работа.Универзитетската клиника за детски болести-Скопје е највисока јавна здравствена институција во нашата земја која преку своите најистакнати професионалци од областа на Педијатријата обезбедува терциерна здравствена заштита за најмалите и најмилите- за децата од нашата држава и од други земји !

                Наша мисија е да нудиме здрава иднина за децата и нивните семејства, преку врвна педијатриска грижа, едукација и истражување!

                Наша визија е секое дете во Република Северна Македонија и регионот да има соодветен пристап до врвна здравствена грижа која е ориентирана кон пациентот и неговото семејство!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *