Известување

Почитувани граѓани,

Во последно време бевме сведоци на една асиметрична  кампања насочена против Универзитетската  Клиниката за детски болести и лично против мене, инициранa од поединци тука  кои имаат само лични интереси и болна намера за власт и позиција, преку злоупотреба на детски судбини.

Тие поединци многу добро знаат дека за дезинформациите, клеветите и расистичките натписи кривично се одговара, и затоа немаат смелост да излезат јавно со име и презиме, туку се кријат позади лажен Facebook профил!

Меѓу другото, имаше тенденција да се прикаже дека за време на моето директорување , кое беше само 3 месеци во октомври- сега 4 месеци, има голема стапка смртност на Детска Клиника!

Но фактите го говорат спротивното!

Секако децата ни се најомилени, животот на секое дете вреди повеќе од сé, но за волја на вистината и за правилно информирање на јавноста сум принуден да објавам официјални статистички податоци од Детската клиника!

Од прикажаната табела со податоци од информатичкиот систем на Детска Клиника јасно се забележува дека сега имаме скоро 2 пати помала стапка на смртност во споредба со пред 5 години, однсоно 3  пати помала смртност во споредба со пред 9 или 10 години, кога имало во просек  и по 9 умирања месечно,  т.е на секој 3 ден по еден смртен исход просечно,  во време кога други директоруваа со Детска Клиника и имаше друга власт во државата!

Не смееме да дозволиме некои злонамерни поединци, да нанесат штета на угледот на Детската Клиника и на целиот персонал кој деноноќно работи најпрофесионално и се грижи за здравјето на сите  деца. Оваа Клиника е храмот на детското здравје, за нашите најмили и најмлади, кои често доаѓаат во тешка здравствена состојба и на крај  излекувани ја напуштаат Клиниката. Вакви успешни приказни има илјадници и илјадници годишно.

Секако, имаме доста предизвици пред себе, во смисла на подобрување на капацитетите и технички и професионални, изнаоѓање на решенија за системските недостатоци кои се адресирани, зајакнување на менторскиот систем на пренесување на знаења/искуства и контролата, како и подигање на свесноста кај секој вработен за индивидуална одговорност во работата. 

Во овие 4 месеци додека сум в.д директор на Универзитетската клиника за детски болести, додека ја скенирав фактичката состојба, наидов на многу проблеми наталожени и нерешени со години!

Некои од нив се високоризични дефекти, кои итно ги адресиравме  и сега сме во фаза на нивно санирање. За овие 4 месеци сме изготвиле решениа за затекнатите проблеми, успешно сме ги решиле неколкуте од нив,  а многу од проектите, кои се во интерес на здравјето на децата, ни се во фаза на реализација.

Јавноста во наредниот период, најтранспарентно ќе биде информирана за сите работи и за сите проекти што ги реализираме на Клиниката за детски болести .

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *