На одделот за кардиологија при ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести- Скопје се врши дијагностика, лекување и контроли-понатамошно следење кај деца кои се суспектни или се со вродени срцеви заболувања. За дијагностика – поставување на прва дијагноза се примаат деца од новороденечка возраст до 14 години, додека децата со поставена кардиолошка дијагноза, со или без кардиохируршка операција или друга интервенеција и кај коишто има потреба, се следат и до 18 годишна возраст, а потоа се префрлуваат за понатамошно следење и лекување на Клиниката за кардиологија.
Одделот се состои од :
А. Хоспитален дел каде се лекуваат деца со следниве дијагнози:
- Конгенитални срцеви мани: дијагностика, терапија, предоперативна подготовка и постоперативно следење.
- Деца со пореметување на ритамот – дијагностика, Холтер-ЕКГ, лекување и следење
- Миокардиопатии: дијагностика во однос на постоење и тип на миокардиопатија, поставување на терапија и следење на состојбата
- Воспалителни болести на срцевиот мускул- миокардитиси- дијагностика, лекување и следење
- Дијагностика кај деца со колапсни состојби, градна болка или електролитни пореметувања
- Дијагноза и следење кај деца со невини шумови и пролапс на митралната валвула,
- Прегледи кај деца- спортисти,
- Стекнати срцеви болести: дијагноза, лекување и следење
- Кардиолошки преглед на состојбата кај деца со малигни заболувања пред, во тек на лекувањето и после завршување на терапијата по протокол,
- Прегледи кај деца со невромиопатии, туберозна склероза и разни синдроми и состојби за кои е потребна кардиолошка проценка,
- Миозитиси: дијагностика, лекување и следење
Б. Консултативна амбуланта, која работи 5 дена во неделата како косултативно кардиолошка и ревматолошка амбуланта со закажани пациенти преку системот на Мој термин, како и со пациенти со приоритетни и итни упати. Вообичаено дневно се вршат по 15 прегледи во закажан термин, тој број оваа година е намален поарди состојбата со пандемија.
В. Амбуланта во склоп на одделот, каде се вршат прегледи на хопитализирани пациенти од клиниката
УСЛУГИ КОИ СЕ РЕАЛИЗИРАНИ НА ОДДЕЛОТ
- Дијагностика и терапија на децата со горенаведените дијагнози
- Реализарање на електрокардиограм (со и без напор)
- Реализирање на ехокардиограм (едно, двидимензионален, колор-доплер)
- Снимање на ехо записот на ЦД-ДВД за второ мислење.
- Упатување на пациенти според мислењето на нашиот тим во кардиохируршки центри за соодветен понатамошен третман: кардиохируршка интервенција или интервентна процедура)
- Реализирање на 24 часовно Холтер ЕКГ снимање.
- Реализирање на пулсоксиметрија.
- Реализирање на 6 минутен тест на оптоварување.
- Мониторирање на срцевата работа:мерење на артеријална тензија и пулс.
- Кардиолошки преглед во инкубатор
- Советување на родителите во однос на дијагнозата на детето, спроведување на терапијата во домашни услови и соодветно следење на состојбата, како и објаснување на потребата од кардиохируршки или други интервенции кога истите се потребни,
- Советување на родителите- медицинско и по потреба и психолошко во однос на заболувањето, текот на болеста и прогнозата.
- Реализирање на конзилијарни кардиолошки прегледи и ехокардиографски скрининг за вродени срцеви мани и заболувања на други клиники (ГАК, Клиника за детска хирургија, Клиника за неврологија и други).
ТИМ НА ЛЕКАРИ И МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ
На одделот работат лекар субспецијалист и лекар специјалист- сега во тек на субспецијализација по кардиологија, како и тим на медицински сестри кои се обучени и искусни во спроведување на потребните постапки и лекување на децата со срцеви заболувања.
Профил на лекарски кадар:
- Проф.д-р Розана Кацарска специјалист педијатар, субспецијалист по детска кардиологија и доктор на медицински науки од областа на детска кардиологтијата и детската ревматологија.
- Д-р Валентина Јовановска, специјалист педијатар, сега во тек на субспецијализација по детска кардиологија
Профил на медицински сестри:
- с. Ангела Ѓорѓевиќ , со ВСС, Одделенска сестра
- с. Елизабета Костовска, ССС,
- с. Соња Димовска, ССС
- с. Даниела Синадинова, ВСС
- с. Магбуле Фејзулаи, ССС