Обука за ултразвучно скенирање при поставување на PICC катетри

Универзитетската клиника за детски болести со гордост го споделува успехот на обуката за поставување на PICC line (периферна инсерција на централен венски катетер), организирана од Project HOPE и Becton- Dickinson. На обуката учествуваа  доктори и медицински сестри, кои добија напредна обука за ултразвучно скенирање при поставување на PICC катетри и практично ја вежбаа постапката на специјални манекени. Веруваме дека ова е важен чекор кон подобра грижа за нашите најмали пациенти, со надеж дека наскоро ќе ја применуваме оваа техника рутински.

Дополнително, Project HOPE донираше две линеарни ултразвучни сонди на нашата болница, што е од клучно значење за успешна имплементација на овие сложени процедури, на одделот за Интензивна нега и на одделот за Гастроентерохепатологија.

Беше реализирана и обука за респираторна инвазивна и неинвазивна поддршка  кај критично болни новороденчиња хоспитализирани во единицата за интензивна нега и терапија.

Исклучително сме благодарни за оваа соработка и се надеваме на успешно продолжување на истата во иднина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *