Одделот за ревматологија при Универзитетска клиника за детски болести- Скопје дијагностицира, лекува и реализира контроли кај деца со ревматолошки заболувања, од најрана возраст- новородени и доенчиња до возраст од 14 години. Некои од децата кои имаат дијагнози и терапија за хронични заболувања се следат и до 18 години, во зависност од состојбата, а потоа се префрлуваат за понатамошно лекување на Клиниката за ревматологија.
Одделот за ревматологија се состои од:
• Амбулантен дел – консултативна ревматолошка амбуланта со прегледи преку системот на Мој термин, која функционира 5 дена во неделата, со варијабилен број на прегледи, исто така се прегледуваат и деца со приоритети упати во зависност од дијагнота,
• Хоспитален дел, каде се лекуваат деца со следните состојби:
- Јувенилен хроничен артритис (лекувањето е со терапија по светски протоколи и стандарди, вклучително и со биолошка терапија)
- Ревматска треска
- Колагенози: Дерматомиозитис, Системски лупус еритоматодес, склеродермија, еритема нодозум
- Реактивни артритиси (транзиторни)
- Реактивни кокситиси
- Артритиси во склоп на други заболувања (алергиски и сл.)
УСЛУГИ КОИ СЕ РЕАЛИЗИРАНИ - Дијагностика и терапија на деца со погоре наведените дијагнози,
- Специфични иследувања и лабораториска дијагностика на ревматолошките заболувања,
- Аплицирање на специфична биолошка терапија со Amp.Tocilizumab и Amp.Humira кај деца каде е тоа индицирано,
- Советување – медицинско и психолошко- на децата со хронични заболувања и нивните родители во однос на природата на болеста, текот и прогнозата.
Профил на лекарски кадар
- Проф.Др.Констандина Кузевска Манева специјалист педијатар и доктор по медицински науки од областа на кардиологијата.
- М-р Д-р Бети Ѓуркова Ангеловска специјалист педијатар и магистер по медицински науки и се бави со детска ревматологија.
- М-р Д-р. Марија Нешковска Шуменсковска специјалист педијатар и магистер по медицински науки.
Профил на медицински сестри:
С. Валентина Кузмановска- ВСС- одделенска сестра
С. Трајковска Пандура- Средна СС
С. Јовчевска Благица – ВСС