Проектот – Формално образование за децата во болница

Во присуство на министерката за образование Проф. Весна Јаневска, министерот за здравство Проф. Азир Алиу и претседателката на НВО САНО г-ѓа Марија Вук, беше промовиран проектот – Формално образование за децата во болница.

За прв пат се воведува  формално образование за децата кои се наоѓаат на подолг болнички престој или се лекуваат во домашни услови поради сериозни здравствени состојби- како што се малигни заболувања и други.

Директорот на Клиниката за детски болести Д-р Реџеп Мемеди изрази големо задоволство што Клиниката е дел од овој важен момент за децата во болница, истовремено изрази благодарност на Министерството за образование, Министерството за здравство и Здружението САНО за овој историски чекор од аспект на образованието на учениците во болница.

Образованието не е само средство за учење, туку и клучна алатка за емоционална стабилност и зачувување на самодовербата на децата, па според тоа вклучувањето на децата од Болница во формалното образование значи половина здравје, бидејќи доброто ментално здравје кај овие мали пациенти значи дека многу полесно и помотивирано ќе го поминат долготрајниот пат на лекување.

Во името на целиот колектив на Клиниката за детски болести на учениците во болница им посакуваме успешна настава, а ние ќе дадеме се од себе да им помогнеме првин да ја совладаат болеста а потоа бројките и буквите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *