По повод 20-ти септември- Светкиот ден за подигнување на свесностa зa pacт,
Универзитетска Клиника за детски болести го одбележува овој ден како активен чинител во поддршката
на децата со проблеми во растот. Медицинскиот тим предводен од врвни стручњаци овозможува точна дијагностика а и соодветен третман и понатамошно следење на децата со
проблеми во растот.
Директорот на Клиниката Д-р спец. Реџеп Мемеди во соработка со Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, секако и со Здружението РАCT,
наравија максимални напори да се обезбеди хормон за раст за сите пациенти на кои им е потребна терапија со хормон за раст и за прв пат веќе нема листа на чекање.
Раното и навремено откривање на проблеми во растот кај децата е од големо значање,бидејќи тоа може да биде показател за повеќе сериозни заболувања.


