Универзитетската Клиника за детски болести и Катедрата за Педијатрија ја организираа традиционалната Крводарителска акција под мотото “Секоја капка крв значи живот” .
Директорот Д-р спец. Реџеп Мемеди и шефот на Катедрата за Педијатрија Проф. Д-р Соња Бојаџиева се големи подржувачи на крводарителски акции и денеска беа првите дарители на крв.
Благодарност до Институтот за Трансфузиологија и до сите хумани луѓе од Детска Клиника кои денеска активно се вклучија во оваа акција дарувајќи крв.


