Црвен крст на град Скопје под мотото‘‘Да подариме насмевка“ на 24 декември волонтерите на Тимот за одговор при катастрофи – Тим за спасување на планина, облечени во костимите на детските херои, Спајдермен, Бетмен, Мини Маус и Супермен, а потпомогнати од Дедо Мраз, со јажиња се спуштија на Клиниката за детски болести во Скопје.
На малите пациенти им подарија насмевки и новогодишни пекети за претстојните празници.