Директорот на Универзитетската клиника за детски болести Скопје Д-р спец. Реџеп Мемеди, заедно со шефот на Катедрата по Педијатрија Проф. Д-р Соња Бојаџиева, учествуваа на настанот Новини во детската и неонаталната хирургија, 15th Central and Eastern European Course: Updates in Pediatric and Neonatal Surgery , во организација на Здружението за детска хирургија, а под покровителство на Европската асоцијација за детска хирургија (EUPSA), што се одржа во хотел Хилтон во Скопје од 30-31 август 2024 г.
Д-р Мемеди им изрази благодарност како и честитки на организаторите за овој стручен и многу успешен собир со меѓународно учество на еминентни професори од областа на детската хирургија.