Денеска инспектори од Државен здравствен и санитарен инспекторат во просториите на Универзитетската клиника за детски болести направија вонреден надзор на целокупната документација поврзана со случајот на Руја Сулиси и земаа изјави од сите лекари кои биле инволвирани во овој случај.
Стручната истрага продолжува се до расветлување на случајот.