Ни претставуваше огромна чест да сопругата на амбасадорот на Словачка во РСМ г-ѓа Жанет Маркушова ни биде во посета на Универзитетската клиника за детски болести, при што делеше убави подароци на децата и нивните мајки на Оддел Хемато- Онкологија.
Директорот Д-р Реџеп Мемеди заедно со раководителот на Оддел Онкологија Проф. Д-р Светлана Кочева и главната медицинска сестра Елизабета Костова изразија голема благодарност на г-ѓа Маркушова за овие подароци кои донесоа насмевка на нашите пациенти и нивните родители.