Огромна чест ни направи  првиот човек на државата- претседателката Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова која денеска  ја посети Универзитетската Клиника за детски болести.
Претседателката Силјановска Давкова ги посети сите Оддели на нашата Клиника каде  на сите дечиња, кои новата година ќе ја дочекаат во болнички услови, им донесе радост со новогодишни пакетчиња, истовремено споделувајќи им топла насмевка и убави зборови со желба за брзо закрепнување и да имаат здраво детство.
Директорот Др. Мемеди, во името на целокупниот персонал на Клиниката , на претседателката  и изрази голема благодарност за покажаната почит кон вработените и грижата кон сите пациенти кои се лекуваат на Клиниката за детски болести.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *