Потпишан е Меморандум за соработка  помеѓу здружението на граѓани за афирмирање на правата на малцинските заедници СВЕТЛОСТА НА ЖИВОТОТ -Скопје и ЈЗУУ Клиника за детски болести -Скопје ,со цел меѓусебна соработка, координација, планирање и реализација на донации -доброволна и безусловна помош во добра и услуги наменети за малите пациенти, особено за социјално загрозени категории на семејства кои престојуваат на Клиниката за детски болести.
На средбата директорот Д-р Реџеп Мемеди во името на целокупниот персонал на Клиниката за детски болести  изрази благодарност до претседателката на здружението  госпоѓица Пакиза Ахмед, нејзините соработници и сите членови на Здружението СВЕТЛОСТА НА ЖИВОТОТ, за хуманиот гест и покажаната грижа и љубов кон децата.

Вашиот хуман гест е пример за општествена одговорност и солидарност. Искрено се надеваме на понатамошна успешна соработка, која ќе продолжи да придонесува за доброто на нашите деца.
Ви благодариме што сте наши партнери во оваа важна и благородна цел.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *