Известување

По повод Европскиот ден за подигање на свеста за цистична фиброза, менаџментот на Универзитетската клиника за детски болести во име на вработените на клиниката, сака да изрази јавна благодарност до НЛБ банка, Директорите и Управниот одбор на банката, за донацијата во реновирање на Одделот за цистична фиброза на клиниката.

Со оваа главна донација од  НЛБ банка и други дополнителни донации (План дизаин, Алкалоид Конс, Моцарт, Сава пензиско осигурување и Асоцијацијата за цистична фиброза), одделот доби сосема нов лик: нов под, реновирани и опремени болнички соби и соби за интервенции, нови санитарии, нов мебел. Ова ќе овозможи поудобен и безбеден престој на хоспитализираните пациенти, функционално работење, како и обезбедување на стандарди за хумано функционирање на сите внатрешни единици на одделот. 

Со оваа донација НЛБ банка ја покажа својата општествена одговорност за подобрување на условите за лекување во јавното здравство, посебно грижата за младата популација.

Во име на вработените на Универзитетската клиника за детски болести:

Проф. д-р Стојка Нацева-Фуштиќ, в.д. Медицински директор

Mr. Arkin Jahiji, Одганизациски директот / Drejtor organizativ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *