На Клиниката за детски болести изминатиот период комплетното е реновирана невролошката амбуланта. Ова беше повод за денешната посета на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари во оваа клиника.
– Реновирањето на овој можеби најфреквентен дел од Клиниката за детски болести ќе резултира со значајно поефективна работа, задоволен персонал и квалитетна услуга за најмладите пациенти кои тука се третираат.
Приоритет на Министерството за здравство е континуирано унапредување на условите за работа и инвестирање во современа дијагностичка апаратура, а во таа насока изминатиот период беше обезбеден нов ехосонограф, кој овозможува квалитетна услуга што подразбира навремена и точна дијагностика, потенцираше Таравари во рамки на посетата на оваа клиника.
централен нервен систем, невродегенеративни и неврометаболни заболувања, неврокутани синдроми, невроваскуларни, експанзивни заболувања, како и комплексни невроразвојни заболувања. Располага со три консултативни амбуланти, ехосонографски кабинет и два ЕЕГ кабинети, каде месечно се прегледуваат во просек по илјадапациенти. Тимот го сочинуваат 4 лекари, 1 супспецијалист невропедијатар, тројца педијатри, дипломиран дефектолог, еег техничари и медицински сестри, кои сите заедно со својата стручност
Невролошката амбуланта при Клиниката за детски болести е супспецијализирана за специфична дијагностика и третман на пациенти од новороденечка до адолесцентна возраст.
– Оваа амбуланта е единствениот референтен центар во нашата земја која нуди супспецијалистички и специјалистички сервис на пациенти со многу невролошки заболувања, меѓу кои се и следните: невромускулни заболувања, епилепсии, главоболки, периферни невропатии, малформации на и емпатија нудат врвна грижа за детското невролошко здравје, истакна директорот на Детска клиника, д-р Реџеп Мемеди.