Бобан Стефковски- градоначалникот на општина Гази Баба денеска беше во хуманитарна посета на Клиниката за детски болести во Скопје, каде што изврши донација на инвертер клима уреди.
Директорот на Клиниката за детски болести Скопје Д-р Реџеп Мемеди изрази благодарност до градоначалникот и граѓаните на општина Гази Баба за покажаната хуманост, истовремено изразија спремност и волја за понатамошна взаемна соработка во интерес на здравјето на сите деца!