Со особено задоволство ја претставуваме донацијата од компанијата Nestle , која се состои од: мобилен свигмоманометар за мерење тензија со 3 големини манжетни, прочистувач на воздух со јонизатор, електронски апарат за притисок со монитор и 2 големини манжетни, пулс оксиметар, електронски мерач на телесна тежина и стетоскоп.
Директорот на Универзитетската клиника за детски болести Др. Реџеп Мемеди изрази голема благодарност до компанијата Nestle, истакнувајќи ја спремноста за понатамошна плодна соработка.