ЈЗУ У Клиника за детски болести доби донација од страна на Друштвото за
графички услуги и дизајн Арс Ламина и авторот Зоран Спасов Ѕоф.
Донацијата се состои од детска
библиотека „Соба на бајките „ која е опремена со повеќе изданија на детска
литература прилагодена на возраста на децата кои се лекуваат на нашата клиника . Директорот на Клиниката Др. Реџеп Мемеди , во негово име но и во името на сите вработени и пациенти , им изрази благодарност на АРС Ламина и на авторот Зоран Спасов Ѕоф за нивната хуманост и покажаната висока општествена свест .
Се надеваме дека сликовниците , лектирите со детска литература ќе го облагородат и олеснат секојдневието на нашите пациенти за време на нивниот престој на клиниката.