Денеска беше последниот ден од Меѓународниот научен симпозиум “Актуелности во Неонатологијата” организиран од страна на Здружанието на неонатолози, каде учествуваа експерти од различни области на Неонатологијата. Овој симпозиум беше вистинска можност за размена на искуства и сознанија за најновите научни достигнувања и тераписки можности во пружањето најдобра здравствена грижа за новороденото.
Директорот на Универзитетската клиника за детски болести Др. Реџеп Мемеди имаше чест да биде активен учесник на овој значаен настан од областа на Педијатријата.
17 Ноември се бележи на глобално ниво и како Светски ден на прематуритет, со цел подигање на свесноста за предвремено родените и влијанието врз нивните семејства.