Универзитетската клиника за детски болести продолжува да се снабдува со нова медицинска апаратура. Овој пат доби неколку инфузиони пумпи и еден медицински инфузомат, кои се неопходни за прецизно дозирање и апликација на лековите парентерално.
Директорот Д-р Реџеп Мемеди изрази голема благодарност до донаторите- Маркетинг Агенцијата ДЕПТ и компанијата РОШ Македонија за донациите и досегашната соработка, со надеж наредната година да реализираме уште повеќе заеднички проекти во полза на здравјето на децата.