Амбасадорот на Република Словенија во посета на Детска Клиника

Амбасадорот на Република Словенија н.е г-дин Грeгор Прескер заедно со неговата сопруга г-ѓа Елвира Златич Прескер и нивните соработници денеска ни направија голема чест со нивната посета на Универзитетската клиника за детски болести.

На средбата директорот Д-р Реџеп Мемеди на гостите им изрази искрена благодарност за одвоеното време и за прикажаното внимание за најмалите и најмилите пациенти , при што го запозна амбасадорот со визијата и мисијата на Клиниката за детски болести.

Исто така се разговараше за можностите за продлабочување на взаемната соработка со колегите педијатриски стручњаци од Словенија, за што директорот и амбасадорот изразија волја и спремност.

За време на оваа посета амбасадорот Прескер и неговата сопруга на малите дечиња им подарија срдечна насмевка и новогодишни пакетчиња, посакувајќи им побрзо излекување и дочек на новата година во домашна атмосфера.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *